речник контакт

Лани не е регистрирано каснување од змија во велешко

Дали змиите се повлекоа пред луѓето?

Петар Печков

Во велешката Болница, на Инфективното одделение, измината година, 2021-ва, не е регистриран пациент кој побарал помош поради тоа што бил каснати од змија.

Ова е одговорот кој го доби ТрМр на поставеното прашање, колку случаи има во 2021-ва година, на пациенти каснати од змија.

Во болницата во Јасеново, во 2021-ва, исто така нема регистрирано каснување од змија на  лице кое побарало помош таму, како и во 2020-тата.  Оти има случаи жителите од овој крај, при ваков случај, помош бараат во оваа здравствена институција.  

За илустрација во 2020-та година во велешко се регистрирани три каснувања од змија, смртен случај немаше. Најчесто каснувањата се случуваат при работи во поле.

Најмногу каснувања последните десетина години во велешко имало во  2015-та кога  имало пет случаи.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »