речник контакт

Лани нема случај на заболено грло стока од бруцелоза во велешко

Во велешко има 45 илјади грла на овци и кози

Петар Печков

Минатата година  во Велешко не е регистриран ниту еден случај на бруцелоза кај стоката, информираат од  Ветеринарната станица во Велес. До оваа состојба е дојдено  врз основа на проверката на терен со испитување крв кај овци и кози.

 Бруцелозата која пред десетина години ја десеткуваше стоката во велешко сега ја нема. Тоа  се должи на континуираните акции за испитување на крвта кај стоката, евиденција и  вакцинација на подмладокот на стоката против оваа болест, како и одличната соработка со сточарите - вели д-р Димче Димитриевски, директор на Ветеринарната станица во Велес.

 Годинашото вадење крв за проверка на бруцелоза кај стоката-овци и кози ќе почне во мај иако до лани  започнуваше во март. Освен проверка на крв, паралелно ќе се врши и вакцинација против бруцелоза  на подмладокот  на стоката, а со цел за  навремено и превентивно  да се заштити од оваа болест -  најавува Димитриевски.

 Стручните екипи на Ветеринарната станица деновиве започнаа и со годишниот попис на овци и кози за 2016 година во поширокиот велешки регион во кој се вклучени општините Велес, Градско и Чашка. Според нивната  евиденција, лани во овој регион биле попишани 45  илјади грла на овци и кози.  Испитувањето на крв кај стоката за утврдување на бруцелоза, ќе трае до 2020 година, до  кога и треба да се утврди дали оваа болест целосно е искорената кај стоката.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »