речник контакт

Лани три каснувања од змија во велешко

Каснати се двајца мажи и една жена, во два случаи е додека работеле во поле

Петар Печков

Минатата година во велешко се регистрирани три каснувања од змија, соопштија од Општа Болница Велес, смртен случај нема. Во два случаи е при работа во поле, еден случај е  маж на 74 години во село Караслари, вториот е жена од село Клуковец и третиот е маж од Скопје, за кого нема информации каде се случило каснувањето.  Во околината на село Караслари каснување од змија е регистирано  во  јуни 2019-та година.

Во болницата во Јасеново, нема регистрирано каснување од змија на  лице кое побарало помош таму.  Оти има случи дека жителите од тој крај при таков случај, помош бараат во болница Јасеново.  Најмногу каснувања последните десетина години имало во  2015-та кога  имало пет случаи.

Останува на луѓето кои работат по полињата да бидат внимателни и доколку се случи да бидат  каснати, веднаш, наjбргу што можат да бидат префрлени на доктор – објаснуваaт докторите  од Заразно одделение при ЈЗУ  Општа  Болница  Велес .

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »