речник контакт

Ланската година во средно во Велес имало најголем број на ученици кои повторувале, дури 20 отсто од вкупниот број во земјава

Hа почетокот од учебната 2021/22 година во Велес учеле 12 повторувачиво основно образование

Петар Печков

Во учебната година која штотуку заврши, настава посетувале 29 ученици кои повторувале година. Oва е највисокиот број во средните училишта во Македонија. После Велес е Шуто Оризари со 18 ученика, па Прилеп и Струмица со по 16. Ова се податоци од Државниот завод за статистика.

Од овие повторувачи четири биле девојчиња, 17 ученика  се од прва година, осум од втора и 4 во трета. Или дури 19 отсто од повторувачите во Македонија биле од средните училишта во Велес. Во средните училишта имало 155 повторувачи, четири пати повеќе од претходната година кога нивниот број бил 37.

Во однос на основните училишта, на почетокот од учебната 2021/22 година во Велес учеле 12 повторувачи, од нив четири биле девојчиња. По  одделенија пет се во 7-мо и 8-мо и 2 во деветто. Податоците од ДЗС велат дека од во основно повторувале  261 ученик.

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), на почетокот на учебната 2021/2022 година бројот на учениците во редовните основни училишта бил 186.649, за 0,5% проценти помалку во однос на претходната. Во редовните средни училишта, пак, имало 71.018 ученици, за 1,1 % помалку од претходната учебна година.  

Ученикот повторува ако има единици по три предмети. Со две единици се упатува на поправен испит. Родителите на ученици со повеќе единици, се повикуваат на советување.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »