речник контакт

Ланската година година на реновирање и градба на нови цркви

Преосветени Св. Богородица, Св. Петка, започна да чукаат 13-те ѕвона од камбанаријата на храмот во изградба Св. Кирил и Методиј, започна со градба болничка црква Св. Дамјан и Кузман

Петар Печков

Во годината што измина  Повардарскта Епархија имаше особена причина за радост поради повеќето започнати или завршени градби на православни храмови. Повардарската епархија на МПЦ и оваа година посвети големо внимание на изградбата на нови и реновирањето на постојните духовни светилишта во градот.

Се пушти во употреба реновираната црква „Успение на Пресвета Богородица“, а се освети и новоизградената црква „Св. Петка“ во близина на манастирот „Св. Димитриј“. На камбанаријата на црквата во изградба, посветена на македонските просветители и учители рамноапостолните Св. Кирил и Методиј беа поставени новите црковни ѕвона, кои со своите велелепни звуци секојдневно го пренесуваат благословот Божји на жителите на нашиот град. Огромна е нашата радост што по еден подолг период интензивни подготовки се реализираше замислата за изградба на Болничка црква во градот Велес и затоа ја изразуваме нашата благодарност до сите оние, кои помогнаа да се оствари оваа дамнешна желба на велешките православни христијани рече Владиката Агатангел, Митрополит на Повардарската Епархија.

Планираме конакот на манастирот Св. Богородица во село Согле оваа година, напролет во мај да го осветиме по повод 45 години од автокефалноста на МПЦ. Што се однесува до  завршувањето на храмот Св. Кирил и Методиј, годинава нема да биде завршен. Како градежен објект е готов, но сега се работи на фрескоживописот, на иконите. Се додека целата црква не се исцрта, не сакам да ја отвориме. Верувам дека во 2013 ќе биде се во ред и ќе се освети вели Владиатка Агатангел.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »