речник контакт

Леб и сол се соединуваат

Конечно. После десет години пауза, најголемиот македонски бренд, легендарните Леб и сол, се соединуваат.

Никола Солев

Конечно. После десет години пауза, најголемиот македонски бренд, легендарните Леб и сол, се соединуваат. По долги и исцрпни преговори, Авалон продукција потпиша седуммесечен договор со Бодан, Коко, Гаро и Влатко, кои со задоволство и соопштија на македонската јавност за големиот кам бек. „Овој бенд и овој проект, се надевам, ќе ги исправи грешките кои Бијело дугме ги направи - недостаток на продукција, недостаток на добар разглас, хаотична организирање на маса итн. Се надевам дека ќе извлечеме некакви поуки од нивната минатогодишна турнеја“, изјави Влатко Стефановски, музичар. „Претпоставувам дека таа прва проба што ќе ја имаме ќе биде навистина нешто многу возбудливо“, рече Бодан Арсовски, музичар. Леб и сол планираат својот 30-годишен јубилеј да го заокружат со концерти низ поранешните ју републики. Од сето тоа ќе произлезе и аудио и видео издание. Пред турнејата легендарната четворка најави дека за загревање ќе направи преработка на стара македонска песна, чиј спот ќе се врти по телевизиите. Извор: [url=www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=61639]А1[/url]

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »