речник контакт

Лебот на Жито Вардар со пониска цена, за 20 денари парче

Денес, петок ќе се продава по 22 а од сабота по 20 денари за векна леб

Петар Печков

  АД Жито Вардар ја намали цената на лебот  од  25 на 22 денари, а од сабота таа ќе изнесува 20 денари. Намалувањето на цената нема да ја намали и тежината на лебот, кој и натаму ќесе продава од половина килограм, најавија од раководството на друштвото. Причина за пониската цена од 20 отсто,  е конкуренцијата од помалите пекарници.

На овој чекор на намалување на цената на лебот е со цел да бидеме конкурентни на пазарот. Ако помалите пекари го продаваат по 20 денари и ние ќе  го продаваме по таа цена. Како тие ќе ја симнуваат цената на векната и ние ќе го сториме истото. Ако го даваат за џабе и нашиот леб ќе биде бадијата – изјави Ристо Ташев директор на АД Жито Вардар. Ова друштво  е најголемиот производител на леб во велешко со 20 илјади парчиња леб дневно, кое ги снабдува и соседните општини Чашка и Градско.

По оваа цена до 25 денари, лебот во велешко се продаваше од 7-ми март. И натаму во оптек остануваат социјалните картички на АД Жито Вардар, со кој граѓаните од ранливите категории ќе можат да купуваат брашно, јајца, месо по намалени цени до 25 отсто, додека лебот е по цена за сите купувачи 22 денес односно 20  денари од утре.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »