речник контакт

Левица - фабриката Колска пример за апсурдот

Најавија дека се залагаат за правата на работниците и подигнување на минималната плата, социјална правда. Колска се уништува а се најавува влез на странска компанија за поправка на шински возила

Петар Печков

Политичката партија ,,Левица,,  се претстави пред велешани, пред фабриката за  шински возила ,,Колска,,  и како што тие го нарекоа Велес,  најработничкиот град во Македонија.  Најавија дека се залагаат за правата на работниците и подигнување на минималната плата,  социјална правда, јакнење на синдикализмот.  

Пред  се, за ,,Левица,, време е  во Македонија да нема рамни даноци, туку прогресивни и да нема високи казни. Според нив 70 отсто од вработените добиваат плата до 15 илјади денари додека останатите 30 отсто  со многу повисоки примања одделуваат исто како и две третини од вработените.    

За сите 25 години самостојна држава, во работникот најмалце се вложуваше.  Се наоѓаме  пред апсурдот, фабрика која годинава слави 100 години  постоење, јубилејот а сопственикот државата им го честиташе на начин што четири месеци не им дава плата, на напатените работници.  Претходно е што Груевски  лидерот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ  на митинг деновиве најави чешка инвестиција  за фабрика за шинска возила, со што се  понижени овие стотина работници.    Тие не заслужуваат ваква иднина – рече Игор Смилев, кандидат за пратеник на место број 2, во ИЕ 3.  

Често во кампањата за неделните избори го слушаме зборот реално. Ние претставуваме друга реалност, која е факт а никој на ја споменува.  Вработените  од Колска тврдат дека осум години никој не им побарал да извршат никаква поправка на патнички и товарни вагони.  Кој се грижи за безбедноста на овие коли, кои сообраќаат по македонските пруги.  Така фабриката е подложена на систематско уништување, за да се донесе странска инвестиција, која ќе го работи истото. Така излегува во јавноста тоа дека профитот е најважен на странски инвеститор, а не да се сочува тоа што го имаме а е наше македонско.  Зар немаме стручњаци кои можат да ја  водат ова фабрика, која опстојала сто години а сега се брише- потенцира   Марија Јонес  носител на листата на ,,Левица,, во ИЕ3.   

На оваа листа, како кандидат под реден број 12 е  велешанецот Тони Јованов. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »