речник контакт

Левица од Велес, потребни се нови луѓе за нови решенија

Кандидатот за градоначалник Златко Арсов најавува престанок на урбанизацијата на рекреативниот центар езеро Младост

Петар Печков

На претставувањето на политичката партија Левица во Велес, беше кажано дека се потребни нови луѓе за нови решенија, доста било  на лица  кои се бават со  криење на вистината, пласирање лажни информации, местење тендери, практикување непотизам, креирање на информации, договарање дилови зад затворени врати, манипулирање. И биле потребни  промени.  

Нив ќе ги донеле луѓето од Левица, кандидатите на советничката листа кои се одликувале со чесност и одговорност, сите без претходен политички багаж, желни за позитивна промена, луѓе на кој општиот интерес им е над личниот. Беше претставен и кандидатот за градоначалник Златко Арсов, кој кажа дека влегол во политиката поради безнадежната положба на младиот човек, долгата транзиција ,видливите класни разлики.

„Најавувам  престанок на урбанизацијата на рекреативниот центар езеро Младост, каде нема место граѓанинот да прошета, да ужива во природата.  Наша цел е да се обезбеди просперитет на Велес, граѓаните заслужуваат повеќе. Сакам Велес да биде град од кој никој нема да бега, туку да останат да живеат во него.  Ќе се борам против урбанистичка мафија. Двосменско работење во градинките за поголем опфат на децата од претшколска возраст, отстранување на нелегално изградените објекти покрај реката Бабуна “ - кажа Арсов.  

На средбата со граѓаните се обрати и лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Тој меѓу другото им порача на граѓаните да не потпаѓаат на притисоците.  

„Не можат толку да ве заплашат колку што може да ве поткупат. Секој човек има точка на топење а едно советничко место вреди 30 илјади евра. Немојте да се продадете, оти Левица има чист  образ“ - порача Апасиев. Тој посебно посочи дека се радува што Игор Смилев ќе влегол во Советот, оти тој се вложил за почист Велес, здрава животна средина и затворањето на Топилница, без материјална корист за него.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »