речник контакт

Легалните таксисти бараат ред во такси превозот

350 легални наспроти исто толку нелегални такси возила, возат по улиците на градот

Петар Печков

Ниту по една година од ветувањето, локалната власт ништо не сторила да се  запрат дивите таксисти во Велес. Тие и натаму се нелојална конкуренција на легалните, кои иако ги плаќаат сите давачки кон градот и државата, таа не ги штити. Напротив со  толерирањето давала потстрек тие да се множат. Ова се реакциите на легалните таксисти од градот, кој повторно го кренаа гласот, барајќи да бидат заштитени. Тие имаат повеќе барања за нивна нормална работа.

Проблемите на   легалните такси возачи се вечни и никако да  се започне со нивно решавање.  Немаме доволно  паркинг просторот,  поради тоа што има преголем број на такси возила. Во градот поради ова е хаос на улиците. Секој работи како сака и кога сака.  Ние легалните таксисти ги плаќаме сите трошоци за работа а други само ги земаат парите и ништо не даваат за возврат. Повеќе немаме средства за егзистенција за фамилиите, бидејќи приходите се ниски. Плаќаме се а за возврат не добиваме ништо.  Проблемот е нелојалната конкуренција, има повеќе диви таксист отколку легални – вели Тони Јосифовски   претставник на здружението на такси возачи од Велес.

Тие проблемот го лоцираат кај градоначалникот Чадиев. Тој минатата година, во мај им ветил дека за 40 дена ќе го реши овој проблем, но ниту по една година тоа не се случи.   

Имаме Закон по кој надлежните инспекции треба да постапуваат, но зошто не работат не е познато. Решението е јасно, одземање на возило, а досега тоа не се случило. Тоа им дава потстрек на дивите таксист да работат,  без да се кријат или да се срамат. Значи ли ова дека и ние не треба да  ги плаќаме лиценците, па во градот да биде се на диво  - се чудат легалните такси возачи.  Од локалната власт најавија дека   законските прописи мора да се почитуваат и од почетокот на наредниот месец ќе се заведе ред по градските улици.

Им дадовме време на нелегалните таксисти да се прилагодат на законска регулатива.   Од први јули почнуваме целосно   да го почитуваме Законот и за дивите но и за условите за легалните такси возачи, Од тогаш инспекциската служба ќе биде засилена, таа ќе излегува на те рен со полицијата  – најави градоначалникот Славчо  Чадиев.  Во локалната власт имало регистрирано околу 350 легални такси возила а бројката на диви се смета дека е идентична  на легалните.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »