Петар Печков
Објавено: четврток, 25 септември 2014
Вчера во попладневните часови велешанецот И.С. ( 30 год) во 16.50 часот на ул.„Луј Пастер“ минувајќи покрај двајца полицајци, кои вршеле редовна служба, без повод и причина почнал да ги омаловажува и навредува со погрдни зборови.
При обид лицето да биде легитимирано, истиот легнал на средината на коловозот и не сакал да стане и одбил да се легитимира. По ова И.С. е приведен во Полициската Станица Велес, и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Tweet |