речник контакт

Лековита вода кај куќата на Касапови

Мит или стварност, одлуката е Ваша

Петар Печков

Спроти куќата на Касапови, на улица  Максим Горки, во стариот дел на Велес се наоѓа природен извор, каде водата се собира во кладенец. Не е чешма, ама  некогаш ја имало, но годините и негрижата ја уништило.Според соседите, водата има лековито својство.

Ѓорѓија Стефанов, кој е тука роден и живее, е сведок на настанот , за кој останува да се зборува , иако е помалку и заборавен. Приказната е околу прилепчанка, жена која си имала мака, но  со помош на оваа вода успешно се надминала.  Настанот е од пред скоро 30 години,  од 1974-тата.

Жената се викаше Трајанка, имаше околу 40-45 години возраст, кога дојде тука и го уреди кладенецот. Таа си имала мака, имала син неподвижен, лежел во кревет. Биле на доктори ама лек немало. Во некоја пригода на сон и дошол глас и порачал, да оди во Велес, на место помеѓу три цркви и пат кој води лево од главниот. Иако таа никогаш не била во Велес, сликата била мошне жива, впечатлива.

Утрото се разбудила, но сонот ја  ,,изел,, не можела да се собере. Имала строг маж и не му кажала што сонувала. Времето минало, подзаборавила, но кога  сонот се повторил. Таа собрала храброст, му кажала на мажот и  се решила, дошла во Велес. Веднага го нашла местото, оти толку било јасно во сонот кажано, иако не била никогаш тука.  Работеше сама два дена. Нозете пијавици и беа излепени, но таа работеше, го чистеше пределот и водата.

Тука се беше обраснато. Никој за ништо не ја  користеше. Спиеше дали во хотел, дали во преноќиште, оти не беше некоја богата. Ја направи чешмата тука покрај ѕидот, како и овој кладенец, го исчисти  изворот од треви, земја. Се изми пред тргнување и тогаш  ни го раскажа видувањето, сонот и маката, И  замина за Прилеп. Сакате верувајте, сакајте не, кога дошла дома,синот бил исправен, се движел. Не сега да трча, ама одел. Така остана ова место, како лековита вода. Малкумина велешани знаат за ова, ама тоа е така – ја заврши приказната Ѓорѓија Стефанов.

Вели дека соседите знаат кога минуваат да се измијат од водата, за здравје. Досега никој немал проблем.  А дека има нешто чудно во водата околу куќата на Касапови  пример е што во дворот, тремот од оваа знаменитост на Велес има мал базен. Во него живеат риби, тука се неколку години но ништо не им фали и натаму се живи иако водата никој не ја менува. Тоа за соседите е уште еден доказ, дека водата во овој дел има необични својства.

п..с забелешка на авторот  Приказната ја објавувам, не за да посочам на исцелителксата моќ на изворот, туку како народно предание легенда, за кое малку се знае меѓу велешани. Останато е   работа на секој читател, како ќе го толкува.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »