речник контакт

Лемурите ја откриваат тајната на зимскиот сон

Научниците се прашуваат – дали и луѓето можат да хибернираат?

Петар Печков

Овие симпатични примати имаат талент кој може да помогне во спасување на човечки животи. Дебело опашестите џуџести лемури се едниствени примати кои можат да хибернираат, се тврди во новото истражување објавено во списанието Плус ОНЕ. А лемурите се единствени и поради тоа што во текот на целиот период на хибернација кој може да потрае и до осум месеци, можат да поминат без длабок сон.
Бидејќи лемурите генетски се многу слични на луѓето, еден ден можеби можат и нас да не подучат на вештината на хибернација, што би отворило нови можности во областа на вселенските патувања и модерната медицина.
 

Хибернацијата може да го продолжи животот

Кога ќе кажеме хибернација, обично помислуваме на мечки во зимски сон. Меѓутоа, оваа состојба не мора обавезно да подразбира спиење. Всушност, хибернацијата во најширока смисла подразбира сезонски телесни промени, кои се случуваат кај некои животни – побавна работа на срцето, зголемен внес на кислород, намалена способност за регулација на телесната температура. Целиот процес е фасцинантен од биолошка гледна точка, а ако и луѓето го совладаат тоа, примената би била фактички неограничена.
Пример се пациентите со смртоносни болести на кои им е потребна трансплантација.

Во текот на хибернацијата дишењето на лемурот може да се намали на само едно вдишување на секои 20 минути, а ритамот на чукање на срцето од нормалните 200 во минута, на само 4 отчукувања во минута. Кога би можел човекот да го направи истото, пациентот би можел во оваа состојба да почека на својот донатор. Слична работа може да има примена и кај повредени војници, или космонаути кои мора да поминат години патувајќи до потребното место во вселената.

Животните кои хибернираат живеат подолго – вели Ендру Кристал, доктор по медицина на Универзитетот Дјук и коавтор на студија. – Изгледа дека времето кое лемурите го поминуваат во хибернација се додава на нивниот просечен век.

Соновите на лемурите

Додека лемурите можат три четвртини од годините да ги поминат во хибернација, не влегувајќи во длабок сон, луѓето сепак ја немаат таа среќа. Најдолго забележано време кое човекот го поминал без сон наводно изнесува 18 дена, 21 час и 40 минути, судејќи според податоците од Универзитетот во Калифорнија. Знаеме дека недостигот на сон го зголемува ризикот од нагли промени на расположението, дебелина, дијабетис и кардиоваскуларни болести.

Луѓето не можат да поминат долго време без спиење, а тоа да не остави последици по здравјето, а исто важи и за многу други животни. Студијата од 1989 година од Универзитетот во Чикаго, покажа смртоносни последици од немање на сон. Кога истражувачите одржувале глувци во будна состојба, тие развиле лезии на кожата, изгубиле на тежина, добиле ерозии во гастроинтестиналниот тракт, а по 32 дена сите биле мртви.

Тајната на хибернацијата на лемурите може да биде во РЕМ фазата на сонот. Научниците имаат теорија дека овие животни поминуваат исклучиво низ РЕМ фазата, во текот на целиот период на спиењето, додека просечен возрасен човек, на пример, на тоа троши околу 20 до 25 отсто од времето.

Иако никој не може да ја докаже оваа теза, се знае дека лемурите ги покажуваат сите знаци на РЕМ фаза, како зголемени мозочни активности, брзо движење на очите и низок мускулен тонус. Меѓутоа, бидејќи РЕМ фазата го нема тој зајакнувачки ефект на организмот, кој го носат долгите сонови, Кристал и нејзиниот тим велат дека се чини дека лемурите всушност воопшто и не спијат.

Ако на животните им ја одземете РЕМ фазата од сонот, тие ќе умрат – вели Кристал. Но, сепак, лемурите во текот на хибернацијата можат да поминат месеци без длабок сон и да останат живи.

Работата на Кристал и нејзиниот тим сепак не е завршена и многу прашања и понатаму се отворени.

Тестирањата во лабораториски услови се отежнати и не претставуваат целосна верна слика за однесувањето на лемурите во природните места на живеење. Сепак, овој тим се надева дека во иднина ќе успеат да откријат дали лемурите во дивината навистина можат да поминат толку долго време без длабок сон, како што се претпоставува.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »