речник контакт

Ленка осквернавена со шприцови

Зависници од дрога ноќите до бели мугри ги минуваат во родната куќа на поетот Кочо Рацин, каде што стиховите за копачите и за Ленка ги сквернават со игли и со шприцови.

Аница Солева

Зависници од дрога ноќите до бели мугри ги минуваат во родната куќа на поетот Кочо Рацин, каде што стиховите за копачите и за Ленка ги сквернават со игли и со шприцови. Од сквернавење, сред Велес, не е поштедена ни спомен-куќата на преродбеникот Јордан Хаџиконстатинтинов-Џинот. Од ударот на несовесните или на негрижата не се погодени само спомениците во овој град, туку и многу други спомен-обележја на личности во земјава, кои ги задолжиле потомците, ако ништо повеќе, барем за малку поголема почит.

Да потсетиме дека родната куќа на Ѓорче Петров во прилепски Варош е претворена во шупа, а и тоа што е зачувано или изградено, честопати е и\' препуштено на совеста на тие кај кои таа е најдефицитарна. Неодамна во Струмица двапати беше оштетуван споменикот на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски. Слична судбина имаат и паметниците на истакнати личности од македонската историја - револуционери и културни дејци - во парковите, алеите, училиштата...

Звучи како излитена фраза ако се каже дека институциите се тие што треба да се грижат за спомениците, бидејќи историското наследство е грижа на совеста на сите граѓани. Сепак, за спомениците треба да се грижат, пред се\', властите, централни или локални, затоа што во нивни раце се инструментите за спречување или санкционирање на тие што се несовесни кон тоа што е изградено.

Во конкретниот случај со сквернавењето на спомен-куќите на културните дејци во Велес, несфатливо е како тоа за кое властите се должни да алармираат или ?а го спречуваат, тие да го дознаваат отпосле, од новинарите и од медиумите. Рацин и Џинот заслужуваат повеќе грижа од потомците, но и од тие што државата ги плаќа да се грижат, без разлика дали се државна или локална власт. Тие што немаат почит кон предците не им мислат добро и на идните генерации.


Извор: Дневник

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »