речник контакт

Ленче Андреевска со ФК ПАОК ја освои титулата првак на Грција (фото)

Велешанката со нов меѓународен фудбалски успех

Петар Печков

Велешанката Ленче Андреевска заедно со колешките од ФК ПАОК е нов првак на Грција. Со високата победа од 0:4 на гостувањето во Атина над ФК Артомитос, тие го потврдија првото место , по што им беше врачен и пехарот за шампиони.   

Таа премина во ФК ПАОК на почетокот на сезоната 2025/26,  со цел клубот да стане првак на Грција.

Андреевска  (33 год) игра на позицијата во средина и таа е член на македонската женска  фудбалска репрезентација. Има играно и во Првата лига на Турција. 

Андреевска осум пати го  има освоено  македонското првенство и четири пати Купот. Играла 10 сезони во највисокото клупско натпреварување, Лигата на шампионите на УЕФА за жени.

фото приватна архива

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »