речник контакт

Ленче Здравкин добитник на државната награда „Мето Јовановски “

Наградата ја дели со Денис Јанкуловски - Космонаутико, и се доделува за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права и ќе биде доделена на 10 декември

Петар Печков

Министерството за култура соопшти дека годинешни добитници на наградата „Мето Јовановски“  за 2022 година се Ленче Здравкин и Денис Јанкуловски.  Државната награда „Мето Јовановски“ за највисоко признание  се доделува за долгогодишни остварувања во областа  на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 10 декември 2022 година во 12 часот, во Собранието.

Ленче Здравкин, уште од почетоците на бегалската криза која го зафати Балканот, помагаше на бегалците кои транзитираа низ Македонија. Како хуманитарка и борец за унапредување на човековите права таа постојано обезбедуваше храна, облека и место за одмор на илјадниците луѓе кои бегаа од војни и конфликти, а често беше присутна и во транзитните центри во „Винојуг“ и „Табановце“.

Денис Јанкуловски познат и по прекарот „Космонаутко“ е здравствен работник кој како дел од тимовите кои земаа брисеви на почетокот на пандемијата со Ковид-19 ги едуцираше, охрабруваше и забавуваше своите пациенти како и македонската јавност. Тој истовремено е и активист од здружението „Аутизам ААМК“ кое се залага за зголемување на свеста за лицата со нетипичен развој, нивна поголема вклученост во општеството, прифаќање и почитување.

Лански добитници беа  Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски.  Тие се вработените во Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК) кои го открија скандалот со масовното прислушување.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »