речник контакт

Леов Компани бара магионичар

Ова работно место е ново отворено со минимална плата и работно време од 7 до 14 часот

Петар Печков

Само уште утре, среда заинтересираните можат да се јават на огласот за вработување во велешки Леов Копмани, со кој оваа фрима бара магионичар.

Ова место според веб странциата на Агенцијата за вработување, каде  е огалсено, е ново отворено, со работно време од 7 до 14 и 9 до 14 часот. Платата е минимална 8.050 денари.

Услов за кандидатите кои ќе конкурираат за магионичар е непотполно основно образование.  Не е прецизирано дали некој ќе проверува што кандидатот знае од магионичарството.                        

Дејноста на фирмата која го бара магионичарот е Трговско друштво за вработување на инвалидни лица за производство на електрични апарати,опрема и уреди ЛЕОВ КОМПАНИ ДООЕЛ Велес.

 А еве го и линкот до  конкурсот.

Оглас

 По објавувањето на оваа вест од Леов Компани информираа дека станува збор за грешка, оти тие барале магационер а од Агенцијата бил закачен оглас дека се бара магионичар. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »