речник контакт

Лесна смрт на казахстанските земји од нуклеарните проби

Каква е денес судбината на тие кои живееле во сенка на „печурките“ и 345 атмосферски и подземни нуклеарни експлозии

Петар Печков

Поминаа 20 години откако е затворена најпознатата светска локација на нуклеарни проби, но советската нуклеарна програма е присутна во Казахстан и денес, пишува Радио слободна Европа.

Од 1949 до 1989 година жителите на поранешниот советски регион Семипалатинска живееле во сенка на облак во знак на печурка. Тогаш најмалку 456 атмосферски и подземни нуклеарни експлозии биле забележани на простор од 18.000 квадратни километри, познати како Семипалатински-21.

Она што почна како скапоценост во круната на советската нуклеарна програма стана синоним за трагедија.

Страдањата на луѓето кои тука живееле добро се документирани и пред прекинот на тестовите во 1989 година и официјалното затворање на полигонот, на 29 август 1991 година. Околу 200.000 селани се претворени во глувци за експерименти, додека научниците ги проучувале потенцијалите и опасностите од нуклеарното оружје.

Се тврдеше дека на жителите им било наредено да излезат од куќите во текот на пробите, а подоцна биле испитувани околу ефектот на радијацијата. Некои локации можат од прва рака да опишат како изгледаат „печурките“ и поради тоа плаќаат страшна цена. Земјата, водата и воздухот биле многу загадени и како што велат научниците, радијацијата била десет пати поголема од нормалната.

Едно од 20 деца во оваа област е родено со тешки деформитети. Многу луѓе се борат со разни видови на рак, а повеќе од половината од локалното население умреле пред да наполнат 60 години.

„Речиси сите мои пријатели умреа“, вели 50 годишниот селанец Аикен Акимбеков од селото Сарзал во близина на т.н. атомоско езеро кое го создале силните нуклеарни експлозии во средината на 60-тите.

„Во езерото нема живот. Тука риби не можат да живеат. Кога ветерот дува од тој правец, сите се чувствуваат болни“, вели Акимбеков, кој припаѓа на генерацијата на тие кои ги гледале пробите.

Луѓето кои живеат на сред пустата степа ништо не знаеле дека околу нив се испробува смртоносно оружје, ниту пак знаеле какви ефекти може да има по нивното здравје. Советските власти тестовите ги држеле во тајност и на секое прашање за болестите на локалното население или околу високата стапка на родените деца со аномалии, одговарале дека се работи за лоши гени или слаба хигиена. Дури кон средината на 80-тите, активисти во Казахстан почнале да поставуваат прашања за вистинската природа на нуклеарните тестови и покренале кампања тие да се прекинат.

Желбата им се исполнила иако страдањата на населението не прекинале со затворањето на Семипалатинска-21, регион кој неодамна доби ново име – Семеј.

Др. Толеухан Нурмухамедов ги повика властите да воведат задолжителен „генетски пасош“ со кој на луѓето чии гени се оштетени од радијацијата да им се забрани да имаат деца.

Контроверзната идеја предизвика критика кај многу локални жители, кои го обвинуваат докторот дека сака да им го одземе човечкото право да имаат деца. Тој инсистира дека не гледа никаков смисла да се раѓаат дефектни деца кои ќе бидат препуштени на смрт.

Нурмухамедов исто така ја повикува Русија да ја прифати одговорноста за нехуманите експерименти над луѓето и бара да им се плати лечењето.
„Германија се извини за злосторствата на нациститите. Зошто Русија не би го направила истото поради разорните тестови кои ги вршела на тлото на Казахстан?

текстот е преземен  Радио слободна Европа

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »