речник контакт

Летна извидничка школа Зелениот Еди

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес во периодот од 17 до 22 јуни оваа година, ја организираше дванаесетата летна школа за водачи “Зелениот Еди“.

Петар Печков

 Школата се одржа во извидничкиот центар “Голозинци“ во истоименото село во општина Чашка. Школата беше финансирана од страна на Европската Скаутска Фондација од Женева и на истата учество земаа 40 извидници од Република Македонија. Едукативниот дел на школата беше воден од страна на Ангелче Гушев кои е инструктор од втор степен по вудбеџ методологијта на обука.

Покрај едукативниот дел на школата за учесниците беа организирани и два хајка и престои во природа. Учесници на школата беа извидници од Скопје, Валандово, Св.Николе и Велес.


 Од Извиднички одред “Димитар Влахов“   велат дека во целост се посветени на обуката на помладите извидници како во Велес така и во Македонија и целосно се задоволни од реализирањето на оваа 12 по ред Школа за водачи која што е втора организирана како летна школа во низата на Зелениот Еди.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »