речник контакт

Летната школа за археологија во Стоби откри дека објектот наречен Затвор бил светилиште

На летнаљта школа учествуваат 19 студенти, кои преку теренска работа учат за најосновните методи за археолошки ископувања и документација

Петар Печков

И летово на локалитетот Стоби се одвива  летната  меѓународна школа за археологија. При годинашниве работи, кои се одвиваат на објект наречен Затвор, биле откриени нови моменти, кои фрлаат ново значење за објектот, кои археолозите заедно со студентите од школата  од Стоби го работат. Активностите  се фокусирани јужно од Теодосијанската плата, тука се работи од 2014 година.

„Идејата беше да ја откриеме релацијата помеѓу најубавата палата  во локалитетот Теодосијанската која е од 4 и 5 век и еден мистериозен обект, кој се нарекува Затвор, според ископувањата од 1920/30 година. Со нашите ископувања докажавме дека тоа се два различни објекти, одвоени со улица. Затворот не ни беше приоритет се до оваа сезона,  кога ги истраживме објектите  кои во 6 век биле изградени, користејќи ги неговите ѕидови. Откривме дека тој објект, наречен Затвор, има две простории кои се засводени,  можеби и подземни засводени. Како археолози сега се сомневаме дека бил затвор, немаме аргументи за такво нешто. Сметаме дека тоа е повеќе светилиште, храм кој досега бил непознат.  Добивме објект кој досега не бил познат на јавноста“ – кажа Павловски.    

Летната школа за археологија се реализира од 2010 година а годинава е 13 по ред, не се одржуваше во време на ковид пандемијата.  Учествуваат 19 студенти, кои преку теренска работа учат за најосновните методи за археолошки ископувања и документација.

„Освен работата на терен, студентите имаат предавања во попладневните часови. Го обработуваат материјалот кој го откриле, работат и документација за предметите кои се пронајдени. За викендите имаат едукативни ексурзии за различни локации, Хераклеа, Скопје, Охрид или  Пела, Вергина“ – кажа Гоце Павловски архолог во НУ Стоби.

Максимум студенти  што може да се прими на летната школа  се 19, колку што ги има годинава, поради капацитетот за сместување.  Годинава има студенти од САД, Канада, Обединети Арапски Емираги, Холандија и Хонг Конг.  Студентите работат четири седмици, ангажирани се преку Фондацијата Балканско наследство од Стара Загора Република Бугарија. Тие во време на школата,  добиваат знаење но и кредити за студирањето, како и пракса на терен.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »