речник контакт

Летната школа за конзервација, реставрација на керамика, стакло и мозаик во Стоби, едуцира дваесетина учесници од шест држави од светот (фото)

Работилница за конзервација и реставрација на римска керамика, стакло и мозаик е во соработка со Фондација „Балканско наследство“ од Стара Загора, Бугарија која започна од 2010 година

Петар Печков

Дваесетина студенти се учесници на 13 летна школа за конзервација и реставрација на римска керамика, стакло и мозик. Тие три седмици престојуваа, работеа и учеа во археолошкиот локалитет Стоби, каде се реализираше оваа школа, кој опфати две работилници, едната беше за керамика и стакло со десет посетители и втората за мозаик со девет посетители.

„Студирам класична археологија и престојот овде  е одлична можност да научам пракса и да добијам дополнителни знаења за на факултет“ – рече Сара Гаури, која доаѓа од Тексас, САД.

По воведните предавања, кои се однесуваат на историјата на Стоби, историјата на керамика, карактеристиките на глината и керамиката и основни принципи на конзервација и реставрација, учесниците работат и конзервација на керамички садови - реплики на римски садови.

„Студентите работат на конзервација на керамички и стаклени садови, и  превентивна заштита на керамички садови од колекцијата на НУ Стоби. Дел од предметите кои ќе бидат завршени ќе бидат и изложени во идната музејска зграда“ – кажа Биљана Јанкуловска Пеева, конзерватор за керамика во НУ Стоби.

Во тек се и конзерваториските активности во рамки на работилницата за документација и конзервација на мозаик. Учсниците работат на конзервација на околу 200 делови од мозаик, пронајдени во просторија во близина на храмот на Изида.  

„Главна цел е да се заштитат овие фрагменти – ин ситу- на лице место, а во попладневните часови работиме на мали фрагметни од  ѕиден мозаик исто така пронајден во Стоби. Учесниците работат и на други процеси, во лабараторија“- изјави Томе Филов конзерватор на мозаик од НУ Стоби.

По втор пат за две години на оваа летна школа доаѓа Кети Двеј од Минеаполис САД.

„Минатата година бев на школата за  керамика и видов како се работи на реставрација на мозаик. Затоа дојдов и оваа година ја следам таа школа, за да добијан целосно занење и пракса“ - рече  Двеј.

Работилница за конзервација и реставрација на римска керамика и стакло и мозаик е во  соработка со Фондација „Балканско наследство“ од Стара Загора, Бугарија која трае од 2010 година. Годинава 19 учесници доаѓаат од шест држави, САД, Австралија, Велика Британија, Канада, Кина  и Полска. 

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »