речник контакт

Летни фестивали, забава се сечиј вкус, Чола, Цеца, Бајага

Кој ќе пее во Прилеп, Струмица, Охрид...

Петар Печков

Летово  два големи музички настани се фестивалите во Прилеп и Струмица. Позатна е  програмата на учесниците.

Пиво фестот во Прилеп ќе се одржи од 17 до 20 јуни. Меѓу учесниците се и Даниел Кајмакоси, Тијана и Тамара, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Владо Јаневски, Хладно пиво, Ефто Пупиноски, Тони Цетински, Јелена Розга, Емина Јаховиќ и Жељко Самарџиќ.

 Струмица опен фестивал ќе се одржи еден месец по доцна, од  15 до 17 август. Меѓу учесниците се   Здравко Чолиќ, Бајага, Кирил Џајковски, Амадеус бенд, Тајзи, Драган Мијалковски, Бени и Нон Стоп, С.А.Р.С..

На 1-ви август вечер спроти Илинден вообичаено голем концерт се одржува и во Охрид. Годинава организаторот се реши за невообичаено гостување спроти националниот празник, ќе  пее Цеца??!!.(Ражњатовиќ)

Сигурно ќе се одржи и фестивалот на Аква паркот во Пробиштип, каде има гостувања на светски познати ДЏ.  Сличен фестивал има и во Дојран.

При крајот на летото е Скопје пиво фест, голем концерт со познато Балканско музички име  во Македонска Каменица, Тамбурашкиот фестивал во  Куманово....

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »