речник контакт

Летово Велес ќе има доволно вода и за пиење и за наводнување

Сушната зима нема да влијае на водоснабдувањето во летните месеци

Петар Печков

Актуелната хидролошка состојба нема да влијае на испорачувањето на потребните количини вода  за снабдување со градот. Ваквите оптимистички најави стигнуваат од ЈВП Лисиче, во чија надлежност е езерото и водоснабдителниот систем. Се работи на полнење на езерото кое максимумот треба да го стигне во мај. За таа цел и Врановска река е  насочена да го полни езерото.

Бидејќи станува збор за  крајно сушна година, очекуваме дека до крајот на мај ќе ја наполниме акумулацијата. Испуштањата нема да бидат  толку големи, како во минатата години, кога заради можност до преливање испуштавме дел од водата преку реката Тополка. Годинава истекот ќе биде  во рамките на  потребниот биолошкиот минимум. Затоа и од крајот од 2013-та година Врановска река е насочена да го полни езерото, со што околу 200 лити во секундна влегуваат во него. Така очекуваме во мај акумулацијата да биде полна – изјави Бобан Пановски директор на ЈВП Лисиче.

Сливното подрачја кое ја полни акумулацијата било во можност да обезбеди двојно повеќе количество вода, од тоа што може да собере езерото во средно сушна година. Доколку би се повторила насушната 1989/90 година, според Хидрометеоролошките податоци,  и во наредните месеци не би паднале сериозни врнежи,   надлежните уверуваат дека во езерото ќе има 15 милиони метри кубни вода. Тоа би било доволно за водоснабдување на Велес со вода за пиење.  

Потребните количества вода кои ги испорачуваме на градот за пиење  се една третина од вкупните количества во акумулацијата. Велес и неговите граѓани не треба да стравуваат дека ќе имаат сушно лето од домашните чешми. Можат да бидат сигурни дека ќе има доволно вода и за пиење и за наводнување. Сите  постојни приклучоци за наводнување, кои се приклучени на ХС Личисе  ќе имаат доволно количества вода полевање  за претстојната  сезона – објаснува Пановски.

ЈВП Лисиче  го снабдува ЈКП Дервен со вода за пиење, која потоа се дистрибиура до граѓаните. За оваа услуга ЈКП Дервен плаќа  3 денар за м3 вода  плус ДДВ.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »