речник контакт

Лидерот ФК Шкупи победи во Велес, нaд ФК Борец

ЖФК СКОПЈЕ –ЖФК БОРЕЦ одложена ФЛ ПОБЕДА – ФК ЛОКОМОТИВА ГРAДСКО 4:0

Петар Печков

Уверлива победа за лидерот ФК Шкупи на Градски во Велес, со 0:3 (0:1). Фудбалерите на Борец ја завршија оваа полусезона со уште еден пораз и се зацврстија при доното на табелата, како 11-ти од 12 екипи, со 12 бодови. Стрелци за головите за гостите беа Адетуњи во 20 и 70` и Ѓорѓиевски во 87-та минута. Велешани имаа свои шанси, но очлигледно дека едно од мeстата кое нема квалитетен фудбалeр е стрелец, голгетер. Првенството породолжива со 18-тото коло напролет на 13 февруари,а ФК Борец гостува кај ФК Скопје, кое 8-ми со 20 бодови.

Во женската Прва лига, фудбалерките на ЖФК Борец требаше да играат со лидерот ЖФК Скопје, но бидејќи теренот беше во лоша состојба, натреварот е одложен за сабота. 

Во Втората лига Исток, екипата на ФК Локомотива од Градско, гостуваше кај второпласираната ФК Победа во Прилеп и загуби со 0:4. По ова 15-то коло тие се последни на табелата со 6 освоени бода. Првенството продолжува на 19-ти февруари а во Градско треба да гостува екипата на ФК Дентонит јуниор од Радовиш, која е 8-мо пласирана од 10 екипи  со 15 бода.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »