речник контакт

Лидерот на Левица од Велес Абрашев, е еден од осомничените за ширење на расистички коментари

Тој денес бил повикан во обвинителството да даде своја изјава и одбрана по кривичната пријава. Кривина пријава имало и за уште еден член на Левица, за Игор Смилев

Петар Печков

Димитар Абрашев, прв човек на политичката Партија Левица во Велес, нејзин модератор за  градот, е едно о четири лица, против кои СВР Велес поднесе  кривична пријава оти  преку ФБ пишувале  расистички коментари и повикувале за насилство кон други лица. Тој ова го соопшти на денешната прес конференција, која ја одржа пред зградата на ОЈО Велес, каде бил повикан да даде изјава. Освен него, Абрашев соопшти дека пријавен бил и Игор Смилев, нивен член на Советот на Општина Велес.

„Пријавата се однесува за објава од официјалната фејсбук страна на Локалниот Огранок на Левица во Велес, каде после предавничкото гласање за францускиот предлог, го искажавме нашиот политички став кој е јасен, секој што работи против интересите на македонскиот народ е предавник. За да биде иронијата поголема истиот лик, пратеникто Ненад Коциќ, на истата објава во своите коментари користи исти зборови како во нашата објава, но и неточни обвинувања. За поднесената пријава против мене за ставовите на партијата, против Ненад Коциќ поднесовме пријава до МВР за кривично дело ,,лажно пријавување", но нашата пријава беше отфрлена, што значи дека институциите се длабоко партизирани“ - кажа Абрашев.

Според него  обвинителство нема основ за поведување понатамошна постапка.

„Сакам да им порачам на предавниците дека нема да подлегнеме на притисоците, само ни даваат дополнителна мотивација уште пожестоко да се бориме против сите неправди што ги имаат направено. Нивното време полека но сигурно завршува, а кога ќе заврши нивната политичка моќ, ќе одговараат за сите злодела што и ги имаат нанесено на Македонија“ - додаде Абрашев.
Сослушувањето на осомничениот Смилев било закажано за 1 ноември.

На 30 септември МВР соопшти дека, СВР Велес поднело кривични пријави против Е.А.(43) од Горно Оризари и против И.З.(39), Д.А.(29) и И.С.(48), сите од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Пријавените на 12, 15 и 17 јули годинава на нивните профили на социјалната мрежа Фејсбук напишале коментари и објави со кои ширеле невистини и повикувале на омраза и нетрпеливост и насилство кон други лица или групи.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »