речник контакт

Ликовна работилница за денот на лицата со попреченост, во ОУРЦ Маца Овчарова

Доделени се три први награди, поради добриот квалитет на изработените цртежи

Петар Печков

Три први места се доделени на 28-та Ликовна работилница, организирана од ОУРЦ Маца Овчарова. Тоа се Фатбарл  Воца од ОУ Даме Груев од Градско, Билјана Николовска од ОУ Васил Главинов од Велес и Елифнур Дурмаз  од Турција.  

3а ваква одлука, за три први награди, жирито  се одлучило поради добриот квалитет на изработените цртежи.

„Со оваа работилница го одбележуваме денот на лицата со попреченост, 3 септември.  Од пред три години таа е меѓународна. Учесниците ги повикуваме да бидат дел од работилницата, тие од земјава со лично присуство а од странство преку електронска пошта.  Учествуваат ученици од основните училишта од земјава но и ученици со попреченост од специјализираните училишта, со каратер како нашето но и ученици со попреченост кои настава посетуваат во редовните“ – кажа   Снежана Стојановска директорка на ОУРЦ Маца Овчарова.

Освен од Турција, пријавени дела од странство  имало  и од ученици од Србија. Покровител на годинашнава ликовна колонија е ОО на Црвен крст Велес.

„Имаме одлична соработка со ОУРЦ Маца Овчарова. Благодарејќи на нашиот волонтер Лазе Петрушевски, кој во предизвик во фирамта акде работи, бил најдобар и добил 500 фунти парична нагрда. ТЅој теи пари не ги сакал за себе туку се решил да ги донира за ОО Црвен кст. Заеднички со него решивме да ги пренамениме за оваа манифестрација -Ликовна работилница. Од тие средства набавивме печатар во боја за училиштето и нагледни средства и материјали  за сите учесници на работилницата но и за потребите на училиштето“- кажа Орце Николов, секретар на ОО Црвен крст Велес.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2024?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »