речник контакт

Линданот го има во реката Вардар пред Велес

Истражувањатo e на професорот Трајче Стафилов од Институтот по хемија на ПМФ

Петар Печков

Линдан има и во водите на реката Вардар пред Велес, покажале истражувањата на професорот Трајче Стафилов од Институтот по хемија на ПМФ oобјави агенцијата МЕТА.

Според испитувањата, направени со повеќе бушотини и земените проби за потребите на Студијата која се правелa пред да започне чистењето на малата депонија во кругот на ОХИС, се докажало присуството на ХЦХ и други хемикалии во подземните води кои дренираат во Вардар.

Како резултат на тоа, вели Стафилов, присуство на линдан е откриено и во реката Вардар пред Велес.

Влијанието на линданот и неговите изомери врз животната средина и здравјето на луѓето е огромно.

Линданот од Меѓународната асоцијација за истражување на канцер е класифициран во група 1 канцерогени супстанци со доволно докази дека предизвикува не-Хочкин лимфом.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »