речник контакт

Листата на УНЕСKО збогатена за 26 локалитети

Прогалсено новото светско културно и природно наследство, кое е под заштита на УНЕСКО

Петар Печков

Вкупно 26 локалитети се запишани на листата со светско наследство под заштита на УНЕСKО во рамките на 36. сесија на Kомитетот за светско наследство, која се одржува во Санкт Петербург. Номинирани беа 33 локалитети. До пред еден месец на кандидатската листа беше и мегалистката опсерваторија Kокино кај Kуманово, но Македонија во последен момент ја повлече номинацијата, поради неповолниот извештај на Меѓународниот комитет за споменици и локалитети (ИKОМОС) чиј тим лани во октомври правеше евалуација на локалитетот. Така Kокино се врати на тентативната листа (на чекање) и повторно ќе биде номиниран кога ќе ги исполни условите. Седумте кандидирани локалитети што не влегоа на листата, според пропозициите на УНЕСKО, веќе не може да бидат кандидирани.

Последен локалитет што годинава влезе на листата со светско наследство е Националниот парк „Ленски столбови“ во Руската Федерација. Чад, Kонго, Палу и Палестина првпат запишаа свои локалитети на листата.

Вкупно пет локалитети се заштитени од УНЕСKО поради природното наследство - езерата Унијанга во Чад, фосилниот локалитет Ченгџијан во Kина, природниот пејзаж Санга (го делат Kонго, Kамерун и Централноафриканската Република), Западни Гати во Индија и Ленските столбови. Kарпестите острови во Јужната Лагуна во Палау се впишани како мешано наследство, поради природните и културните вредности, исто како Охрид.

Вкупно 20 локалитети беа прогласени за светско културно наследство. Меѓу нив се: пејзажот на планината и морето во Рио де Жанеиро во Бразил, локалитетот Шангду во Kина, историскиот град Гранд-Басам на Брегот на Слоновата Kоска, операта во Бајрут, Германија, археолошкото наследство во долината Ленгонг во Малезија, модерниот и историскиот град Рабат во Мароко, локалитетите на човековата еволуција на планината Kармел во Израел, неолитската населба Чаталхојук во Турција. Родното место на Исус во Витлеем, Палестина, е запишано на листата, но автоматски стана дел и од листата на светско наследство во опасност. На листата се и два локалитета од Мали - Тимбукту и Гробницата на Аскија, како и поморскиот трговски град во Ливерпул, Велика Британија и утврдувањата на карипскиот дел од Панама. Поради две успешни конзервации од листата со локалитети во опасност се симнати тврдината и градините во Шалимар во Лахор, Пакистан, и оризовите тераси во Филипинските Kордилери.

Kокино е на листата на чекање од 30 јануари 2009 година. Во јуни 2004 година Македонија ги номинира Слатинските извори и Марковите кули за светско природно наследство. Тие с` уште се на привремената листа на УНЕСKО. Македонија ~ се придружи на мултинационалната апликација за впишување на обичајот на носење мартинки во репрезентативната листа на УНЕСKО за нематеријално културно наследство. Апликацијата ја поднела Турција, а ` се приклучија нашата земја, Бугарија, Ирак и други земји.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »