речник контакт

Лицата со попреченост кои имаат потреба од личен асистент да се пријават во Црвен крст Велес

Сите лица кои имаат потреба од ангажирање на личен асистент да се пријават за да го добијат истиот.

Петар Печков

Лицата со попреченост или слепите лица, кои имаат потреба од личен асистент, тоа може да го сторат преку Општинската Организација на Црвен крст Велес.

 Општинската организација на Црвен крст како лиценциран провајдер, ги повикува сите лица кои имаат потреба од ангажирање на личен асистент да се пријават за да го добијат истиот. Пријавување може да биде лично во просториите на Црвен крст Велес или на телефонските броеви 043/231-537 и 071/274-223.

Личен асистент согласно Правилникот за лична асистенција им следува на лица кои имаат наод од лекар во кој стои потешка или најтешка телесна попреченост или пак слепо лице. Личните асистенти можат да им помагаат пет дена по четири часа во текот на една работна седмица.

Трошоците за ангажман на личниот асистент ги обезбедува Министерството за труд и социјална политика.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »