речник контакт

Лицата со попреченост од Велес, започнаа да одгледуваат лаванда, за нивно работно ангажирање

Освен лаванда ќе бидат засадени и невен, босилек, чубрика, нане, смил, диво оригано

Петар Печков

Лицата со церебрална парализа и нивните родители од Велес, од денес започнаа со садење и одгледување на лаванда и други лековити билки, со цел за нивно социјално вклучување  и работно ангажирање.

За почеток се засадуваше расад, кои подоцна ќе биде засеан на површина од три декари. Ова е проект на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес и„ Биовита“ од Кавадарци.

„Со ова почнуваме и социјално претприемништво, со што организацијата да опстојува и црпи финансиски средства за други активности. За натамошните активности, во план е набавка на дестилатор за изработка на етерични масла и сушара на сончева енергија, за сушење на лековитите билки и подготовка на чаеви“ - кажа Далиборка Златева претседател на Здружението.

Освен лаванда ќе бидат засадени и невен, босилек, чубрика, нане, смил, диво оригано. Покрај  лицата со попреченост, во проектот се предвидува да се вклучат и други поединци од маргинализираните групи.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »