речник контакт

Лице од полиција, кое било на увид во станот починатите мајка и син Маноилови, имал ковид-19

Градоначалникот Коцевски вели дека се истражува како и од каде лицето било заразено

Петар Печков

Градоначалникот на Општина Велес ја потврди информацијата која не беше официјална, дека лице вработено од СВР Велес, кое учестуваше во увидот по смртта на мајката и синот е позитивно на КОВИД-19.

Увидот на местото на настанот, во домот на семејството Маноилови кои беа пронајдени мртви дома се случи, пред десет дена, на 6-ти април. При обдукцијата кај починатата Катица беше пронајден корона вирусот. 

Инфициран е припадник на МВР,  од екипата  на крим техника, кој бил на увид  на земање примероци во станот каде починаа мајката и синот. Уште не е епидемиолошки докажано како е заразено ова лице, оти тој  било во меѓувреме и на други интервенции на терен, имал бројни контакти поради позицијата каде е вработен. Се истражува како е инфициран. Ова го кажувам за да нема злоупотреби дека е инфициран од станот, од жената, можеби ќе се докаже дека е по друг основ – кажа градоначалникот Коцевски, на вчерашната прес конференција. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »