речник контакт

Лице од Кавадарци приведено и одредена мерка притвор, под сомнение дека имал полови дејствија со ќерка си, дете помладо од 14 години

Истрага за Ѓ.М.(42 год) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“.

Петар Печков

Татко од Кавадарци приведен под сомнение дека подолг временски период вршел други полови дејствија спрема неговата ќерка родена во 2016 година, информираа од ОЈО Кавадарци.

Против него е отворена истрага за кривичното дело „Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“.

„Постои сомнение дека тој во повеќе наврати, во текот на 2022 и 2023 година, искористувајќи што со девојчето живеел во иста семејна заедница, и прикажувал видеа со порнографска содржина и кон неа продолжено вршел други полови дејствија“ -соопштија од ОЈО Кавадарци.

За настанот информираа и од МВР.

„На 15 август во 09.20 часот во Кавадарци, врз основа на наредба од Основното јавно обвинителство Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ѓ.М.(42 год) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 188“ - информираа од МВР.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци определил мерка притвор во траење од 30 дена за осомниченото лице Ѓ,М, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »