речник контакт

Лицето од Велес кое е пријавено дека починато од ковид-19, било од Кавадарци

Жената била на лекување на Инфективно одделение во Велешка Болница

Петар Печков

Во денешниот здравствен билтен на Министерството за здравство, за состојбата за изминатите 24 часа, во Велес и велешко нема регистрирано нови случаи со ковид-19 ниту пак има оздравено. Што ќе рече останува активната бројка од 10 лица, како и вчера.  Затоа пак во билтенот се води дека има починато лице од Велес на 74 годишна возраст, дополнително регистрирано а починато во периодот 24-28 мај.  

За да нема забуни во јавноста во градот, ТрМр  во контакт со надлежните од велешка Болница, беше соопштено дека станува збор за жена на 74 годишна возраст, која починала на Инфективното одделение од Велес каде се лекувала а била жена од Кавадарци.  Смртта е регистрирана  на 24 мај. Бројот на починати од последиците на ковид-19 во велешко, заедно со општините Градско и Чашка е 318 лица.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »