речник контакт

Лицето кое пукаше кон полицаецот осомничено за убиство во обид. Детали од вчерашниот инцидент

Неговите браќа се осомничени за помагање при убиство во обид. Четвртото лице, учесник било дете, ја оневозможувало полицајката да му помогне на колегата

Петар Печков

Денеска 3-ти  февруари околу 10 часот, полициски службеници го лишиле од слобода и го привеле во Полициска станица Велес Ѓ.К.(31) од Велес. Тој, на 2 февруари  околу 10.15 часот пред црквата „Св. Спас“, кај Градските гробишта во Велес, на полицискиот службеник Е.М.(46) му го одзел службениот пиштол и пукал кон него и со пет куршуми го погодил, четири во стомакот и еден во коленица.

Претходно, тој со уште три лица физички нападнале полициски службеници при преземање на службени дејства. Тројца од напаѓачите беа приведени вчера во полициска станица. Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против три лица – браќа на возраст од 43 години, 29 години и 22 години за настанот што се случи на 2 февруари во близина на градските гробишта во Велес, лоцирани кај црквата „Свети Спас“.

Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство во обид  од Кривичниот законик, како и против две лица за помагање при извршување на кривичното дело – Убиство во обид  и за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста. Од велешкото обвинителство со детали што се случувал вчера на градските гробишта кај црквата Св. Спас.

Оштетениот полициски службеник во СВР Велес заедно со негова колешка во цивилна облека вршеле работни задачи кои се однесуваат на спречување и откривање на сторители на кривични дела тешка кражба поради зачестената појава на насилно одземање на предмети – чанти и паричници од лица ги посетуваат гробиштата на своите блиски.

На критичниот ден оштетените биле забележани од тројцата пријавени со кои било и едно дете. Тројцата пријавени се доближиле до оштетените, а едниот од нив физички го нападнал оштетениот полициски службеник.  Потоа му се придружиле и неговите двајца браќа. Во еден момент тие го турнале оштетениот на земја, па еден од нив се борел со оштетениот, додека другите двајца и задале неколку удари на оштетената. Детето ја задржувало оштетената да остане настрана и ја оневозможило да му помогне на колегата.

Еден од осомничените му го одзел на оштетениот службениот пиштол и додека оштетениот бил паднат на грб од пиштолот испукал три куршуми кон него, нанесувајќи му прострелни рани во пределот на стомакот и ногата. При испукувањето од пиштолот настанал застој, па оштетениот искористил момент да стане и да се оддалечи од местото на настанот. Осомничениот со пиштолот започнал да го брка и да трча по него, успеал повторно да го оспособи и репетира пиштолот и повторно испукал еден куршум во правец кон оштетениот - информираа од обвинителството.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »