речник контакт

Ловџии има, ама немаат сите дозвола за оружјето

Во два одвоени настани,во Богомила и Степанци, полицијата пронајде нелегално поседувани ловечки пушки и муниција

Петар Печков

Во два одвоени настани, полицијата во општина Чашка пронајде нелегално поседувани ловечки пушки и муниција

„На 12.01.2023 во Богомила, општина Чашка, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода С.Ј.(65) и Т.Б.(50) од Скопје. При преглед на возило „опел фронтера“ со скопски регистарски ознаки кај С.Ј. биле пронајдени и одземени една ловечка пушка ИЖ калибар 16GA и 14 куршуми за неа, додека кај Т.Б. биле пронајдени и одземени еден ловечки карабин „Црвена застава“ калибар 8,57 и 15 куршуми за него“- соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Двајцата скопјани биле приведени во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пред една седмица  во друг случај, исто така во Општина Чашка, кај жител ан Горно Јаболчиште била пронајдена ловечка пушка и муниција.

“На 05.01.2023 во 17.05 часот во атар на село Степанци, општина Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишиле од слобода И.З.(54) од Горно Јаболчиште. При преглед во неговото патничко возило „фолксваген шаран“ со велешки регистарски ознаки и кај него, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Suhl“ и осум куршуми калибар 16 мм, кои ги поседувал без дозвола“ информираат од МВР.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »