речник контакт

Лозарите од Тиквешијата реагираат дека дел од винариите доцнат со исплата на предаденото грозје а дел од ланскиот род останал по лозјата

Дел од Члозарит најавуваат намалување на површините што ги работат

Петар Печков

Лозарите на Cв. Трифун ги закроија лозјата, започнаа со нивните активности годинава, но наследените проблеми од лани ги тиштат. Имаат недоумица колку од површните да ги работат, оти голем дел од ланскиот род останал по лозјата.

„Деновиве се почнува со резидба на лозјето. Требаше да ги знаеме условите под кои ќе работиме годинава, откупна цена пред се, која шеќерност ќе ја бараат, колкави количини винариите планираат.  Св. Трифун помина а не знаеме како да го кроиме лозјето, дали да го пуштаме за род или да го кроиме да нема. Лани се откупи 72 милиони кг винско грозје, а остана 10-15 милиони килограми винско грозје по нивите, така скапа. Ние кроиме, копаме, работиме, ораме а не знаеме родот кому ќе го продадеме. Затоа баравме средба со министерот за земјоделие, да  имаме договорен откуп“ - вели Дане Јованов, лозар, претседател на заруменетото „Тиквешко лозаро- овоштари“ од Кавадарци.   

Засега до средба  со министерот Николовски не дошло. Лозарите се жалат дека дел од винариите, уште не го  исплатиле предаденото грозје. Последната трета рата рокот е 30 април  

„Исплатата многу касни, досега само еднаш ни исплатија пари. Втората рата требаше да се исплати минатата недела  а уште ја нема. Владата ни вети два денари по килограм грозје, ниту нив ги добивме. Поради ваквиот однос годинава 10 декари нема да ги работам. Не се исплатува, вложувам а нема повраток на вложеното, ниту  на трудот, ниту на  средствата“- кажа Ванчо Дамјанов лозар од Кавадарци.    

Реагираат дека лани објавената највисока  цена за откупот на грозјето, во пракса, откупувачите не ја почитувале

„Една цена беше договорена, по друга цена  поголемиот дел од винариите откупува. Околу 15 милиони кг. смедеревка   се откупи по цена од  10,5 денари а 20 милиони кг вранец по 12 денари за кг. Имаше винарии кои откупуваа по 15 и 13  денари за вранец и смедеревка, ама тие беа малку.  Ништо  не излезе од договорената историски највисоката  откупна цена.  Затоа баравме средба со министерот, винариите кои откупија по пониска цена,  да не добиваат од државата  по два денари, туку да ни ги дадат нам  тие пари на лозарите, оти нам ни ги скртија“ - додава Јованов.

Регионот на Тиквеш е најголемиот производител на грозје во земјава, каде околу три илјади лозари живеат од оваа култура. Дел од нив најавуваат намалување на површините што ги работат.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »