речник контакт

Лозарите со аплауз ги пречекаа новите цени за откуп на грозјето на ВВ Тиквеш

„Тиквеш“ годинава планира да откупи 30 илјади тони грозје а има две илјади комитенти со кои соработува.

Петар Печков

За два до три денари повеќе „Винарската визба Тиквеш“ ќе го откупува годинашниот род на грозјето, во однос на ланскиот. Оваа информација беше објавена на средбата на дел од комитентите со раководството на комбинатот.  

„Лани откупна цена беше 13 денари за килограм вранец. Годинава нашата цена е 16 денари. Смедервката се откупуваше лани за 10, Тиквеш ви даваше 11 годинава ќе ја плаќаме 12 денари за килограм. Годинава ќе биде тешка за откуп, не ве плашам туку реално  ги гледам состојбите,  другите винарници се паднати на колена“ - кажа Светозар Јанески претседател на УО на В.В. Тиквеш.  

Информацијата од двесте присутни комитенти беше дочекана со аплауз.  „Тиквеш“ годинава планира да откупи 30 илјади тони грозје а има две илјади комитенти со кои соработува. Единствена забелешка од лозарите, за која јавно реагираа  беше што наспроти осетното зголемување на откупната цена на вранецот и смедеревката,  грозјето за сортните вина е со повисока цена од 5 до 7 отсто.

„Не би рекол дека стапката е мала, оти „Тиквеш“ со години наназад плаќа највисоки цени за сортните вина на пазарот. Се работи за основна цена, постои цел сет на бонуси  кои следат ако лозарот исполни одредени стандарди за квалитетно грозје“ - рече Радош Вукичевиќ, генерален директор на Тиквеш. Тие 60 отсто од виното го извезуваат, завршува на странскиот пазар.

Годинава се очекува рекорден род на грозје во земјава, но ќе се јави проблем со откупот, оти  останаа малку визби кои откупуваат.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »