речник контакт

Лозово доби детска градинка (фото)

„Срцко“ има капацитет од згрижување на 32 деца

Петар Печков

Лозово доби детска градинка, со што  децата од ова населено место ќе имаат исти услови како децата во големите градови. Таа беше отворена вчера, 10-ти декември,  на Светскиот ден на човековите права. Градинката е насловена  „Срцко“ и  има капацитет да згрижи 32 деца, поделени во две групи.  Работи во рамките на локалната власт.

Потврдуваме дека за нас сите граѓани се еднакви, дека за нас сите граѓани треба да уживаат исти права, вклучително и децата. Инвестираме во предучилишното образование, затоа што тоа ја гради основата на еден млад детски организам кој понатаму во текот на своето образование треба да прерасне во градител на нашата татковина - кажа на отворањето министерката Јагода Шахпаска.  

За нејзина изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика, инвестираше средства во износ од околу 13 милиони денари.

Градинката е објект кој е граден по светски стандарди, со енергетски ефикасна фасада и објект кој ќе овозможи пријатен престој на децата и возрасните - рече градоначалникот Аце Велковски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »