Петар Печков
Објавено: петок, 04 септември 2015
Општина Лозово донесе одлука да го зголеми паричниот надоместок за новороденчињата. За трето и повеќе родено дете родителите ќе добиваат по 10 илјади денари наместо досегашните седум, додека за прво и второ родено дете ќе добиваат по 7 илјади денари наместо досегашните пет. Одлуката за повисок еднократен паричен надоместок е донесена на седница на Советот на Општината.
Секое дете е богатство и за семејството и за државата. И овие пари не се многу и во иднина и нив ќе ги зголемиме. Како резултат на оваа наша социјална политика досега овие две години во општината се родени 72 деца, бројка што радува. - изјави заменик градоначалникот Коста Штерјов.
Локална власт на Лозово обезбедува средства и за прв брак на ергени над 40 години и девојки над 35 години, кои добиваат по 20 илјади денари. Досега има три такви случаи во општина Лозово. Во општината последните три години има дојдено 22 жени од Албанија кои се омажиле за локалните ергени и досега родиле 20 -тина деца.
Tweet |