речник контакт

Локализиран големиот пожар кој зафати борова шума помеѓу Мамутчево, Милино и Лозово

Жителите сведочат за изгорени големи површини борова шума,стотина хектари, која е пеплосана до корен

Петар Печков

Големиот пожар помеѓу Велес и Лозово, вчера, понедленик,  доцна попладне  е локализиран, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).   

Тој е регистриран неделата вечер, околу 23ч. на земјоделска површина, стрниште кај  село Мамутчево. Огнот потоа се проширил и зафатил борова шума.  Жителите на Мамутчево велат дека огнот се доближил до селото и стравувале по нивната безбедност. Потоа огнот се проширил кон Иванковци и продолжил кон Лозово.

Огнот, кој зафати висококвалитетна борова шума го гаснеа еден хеликоптер на МВР и двата ер трактори на дирекција за заштита и спасување ДЗС.

На терен биле и 17 пожарникари со четири против пожарни  возила од ТППЕ Велес, од ЈП „Национални шуми“-подружница „Бабуна“ од Велес дејствувала екипа од пет вработени со едно теренско возило, а од страната на Свети Николе дејствувала една екипа од 5 пожарникари со теренско возило од ТППЕ Св. Николе со тим од 4 вработени од ЈП „Национални шуми“ подружница „Шумарство“ од Свети Николе.

Поради силен ветер, влијаеше пожарот да се проширува и зафаќа делови од боровата шума во тој реон.

Жителите од селата Мамутчево и Милино сведочат дека е изгорена голема површина од борова шума, изгорени се стотици хектари и  околината на селата е црна од изгорените стебла. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »