речник контакт

Локализиран е пожарот кој вчера ја зафати околината на село Војница

Опожарена е површина од 50 хектари. Вчера попледнето пожар и во околината на село Оморани

Петар Печков

Пожарот кој вчера ја зафати околината на селото Војница, откако префрлил од кај затворот кај долно Оризари, по десетчасовна борба е локализиран. 

„Вторникот на  16 јуни  во 09:42 примена е дојава за запалена сува трева во близина на Затворот во Превалец Територијална Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно против пожарно  возило и двајца пожарникари спасители. По пристигнување на лице место пожарот е ставен под контрола и за брзо е изгаснат.  Поради појавата на ветер истиот е разгорен и од страна на нашите колеги е побарана дополнителна помош од 4 противпожарни возила и 12 пожарникари спасители и еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување.  По неколку часовна борба со огнената стихија пожарот целосно е изгаснат околу 19“. –информира Ивица Поповски заменик командир на ТППЕ Велес. 

Освен велешките пожарникари во локализирањето на пожарот учествувале и доброволците од ДПД Бабуна до Чашка, вработени од ЈКП „Тополка“ – Чашка, како и вработени од Шумското стопанство „Бабуна“ – Велес.

Изгорена е површина од околу 50 хектари сува трева, ниско стеблеста деградирана шума, еден хектар борови и чемпреси, 5 хектари жито и неколку лозја кои не биле обработувани, како и една колиба.

Попладнето кога пожарникарите интервенирале кај Војница, примиле  повик за пожар кај село Оморани.

„На  16 јни во 15:25 примена е дојава за запалена сува трева во Оморани. Територијална  Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно противпожарно возило и  тројца пожарникари спасители. По пристигнување на лице место пожарот е ставен под контрола  и за брзо е изгаснат“ - соопштија до ТППЕ Велес.

Таму имало опасност огнот да зафати едена викендичка, но било спречено и зафатил едно лозје кое било обработувано. 

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »