речник контакт

Локализиран е пожарот кој зафати хала со насади од марихуана во општина Росоман

На терен за гаснење на пожарот интервенирале пожарникари од Кавадарци, Неготино, вработени од ЈП „Комуналец“ Кавадарци и од „Еуро Никел“, поранешен Фени

Петар Печков

По пет  часа локализиран е пожарот кој околу 11 часот избувнал во  објект  кој се наоѓа  во селото Дебриште, Општина Росоман. Огнот бил регистриран во 11 час а  е згаснат во 16 ч.

„Гори објект од тврда градба покриен со стакло, пластеници насади со марихуана. Пожарot е настанат на објект на отворен простор, од десната страна на регионалниот пат Прилеп – Градско“ - соопштија од Центарот за управување со кризи.   

На терен за гаснење на пожарот интервенирале пожарникари од Кавадарци,  Неготино, вработени од ЈП „Комуналец“  Кавадарци  и од  „Еуро Никел“, поранешен Фени.

На местото од пожарот бил и инспектор од Државниот инспекторат за животна средина, при што бил направен вонреден увид.  Следат истражни дејствија за причините за пожарот.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »