речник контакт

Локализиран пожарот над Мелница

Пожарот беше пријавен понеделникот во 19ч.

Петар Печков

Со хеликоптерско извидување утрово е утврдено дека пожарот над селото Мелница, општина Чашка, на планината Јакупица е изгаснат, потврди од ЦУК директорот Стојанче Ангелов.

„Пожарот кој беше навлезен во квалитетна шума беше спречено да се прошири, благодарение на велешките пожарникари и пилотите на двата хеликоптери на МВР“ потенцира Ангелов.

Пожарот избувна понеделникот попладнето околу 19ч. на планината Јакупица на надморска височина над 1.500 метри во атарот на село Мелница.

Во гасењето на пожарот од хеликоптер на МВР беа истурени повеќе од 80 тони вода. Во локализирањето учествувале и вработени од шумско стопанство „Бабуна“ Велес, како и локално население.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »