речник контакт

Локалитетот Стоби доби грант од 300 илјади долари од филантропска организација од САД за конзервирање на Теодосијанската палата

Проектот треба да се реализира во период од три години

Петар Печков

Со грант од филантропска организација од САД „Џ. М. Каплан Фонд“ од 300.000 американски долари ќе се конзервира Теодосијанската палата во археолошкиот локалитет Стоби, соопштија од Министерството за култура. Овој проект треба да се реализира во период од три години.  
Годинава повеќе проекти поддржани од Министерството за култура  од  Годишната програма ќе се реализраат на овој археолошки локалитет, за што се  издвоени  9.4 милиони денари.

Меѓу проектите кои ги финансира Министерството за култура годинава се  Конзервација на архитектонските остатоци од Резиденцијален и  комерцијален кварт, археолошки доистражувања на објектот Римски театар, археолошки доистражувања  и конзервација на фрескоживопис и на архитектонски делови од Старата епископска базилика, конзервација и реставрација на сегмент од јужниот градски бедем и јужната порта.

Покрај тоа, на локалитетот продолжуваат и другите меѓународни проекти меѓу кои е и грантот во рамки на ИПА-програмата за меѓугранична соработка со Килкис од Република Грција и проектот за унапредување на туристичкото искуство, преку грант на Европската Комисија, со шест други институции од регионот.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »