речник контакт

Локалната власт вели, вршиме контрола, но изведувачот не ја прска улицата со вода, па има високи вредности на ПМ 10 честички во воздухот

Изведувачот на градежните работи не ја прска улицата со вода, констатиреле службите на одделението за животна средина при Општина Велес

Петар Печков

Откако Министерството за животна средина  побара од  Општина Велес да преземе акција за побрзо да се заврши реконструкцијата на улицата Благој Ѓорев, во населба Тунел,, каде се изведуваат градежни работи, поради што се дава лажна слика за висока загаденост (став Министерство) на воздухот во целиот град,  од оваа државна институција препорачаа да се задолжи изведувачот почесто да ја прска улицата со вода, со цел истата да биде постојано во влажна состојба и да не се крева прашина.

Од локалната власт стигна информација, дека тие истото го практикуваат, но целта не се исполнува.  

„Во изминативе два месеца  Одделението за заштита на животната средина редовно вршеше увид на работењето на проектната локација , редовно беше известуван и изведувачот на работите и надзорниот орган, дека прскањето на работните површини е задолжително во овој случај пред започнувањето со градежните активности. Од извршен увид на 3 април  во Записник е констатирано дека градежните активности се вршат, но цистерната со вода со која се врши оросување не е на локацијата и не е извршено распрскување  во раните утрински и претпладневни часови на локацијата. Итно е препратен ургентен допис до Изведувачот и до Надзорниот орган за итно поставување на цистерна со вода за секојдневно распрскување на работните површини и патеки со цел намалување на емисиите на параметарот ПМ10 во амбиентниот воздух“ - информираа од Општина Велес.

Поради истите причини, градежните работи кои се изведуваа во почетна фаза на истата улица, мерната станица, единствена во Велес, не работеше од 1 до 8 февруари.

Градежните работи за реконструкција на дел од улица „Благој Ѓорев“  од Градинката „Димче Мирчев“ клон 5 до спој со улица „Живко Фирфов“ започнаа на 24 јануари.  Според информација на Општина Велс на нејзината веб страница, изведувач на градежните работи е „Градба Промет“ од Кавадарци.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »