речник контакт

Локалната власт на Велес започна акција на санкционирање на узурпација на државно земјиште

Акцијата започна од населба Керамидна

Петар Печков

Локалната власт започна со санкционирање на лица кои узурпираат државно земјиште за приватни цели  во Велес. Од пред некој ден, надлежните општински служби излегле на терен, на локации посочени од граѓани, дека се узурпира државно земјиште. За почеток тоа се случи во населба Керамидна.

„На барање на граѓаните од населба Керамидна, заедно со градежните инспектори бев на увид за утврдување на ситуацијата на терен, каде што несовесни сограѓани незаконски узурпираат државно земјиште. За двајца од нив е покрената постапка, а истото следува и за сите останати. Службите постапија кон отстранување на поставените обележја и објекти“ - кажа градоначалникот Марко Колев.

Тој најавува дека приоритет во работењето е законското  делување, како и дека   оваа акција ќе продолжи и во наредниот период.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »