речник контакт

Локалната власт на Општина Чашка набави 35 компјутери за наставниците од основните училишта

Од општинскиот буџет обезбедени биле 800 илјади денари за набавка на компјутерите, како и еден милион за набавка на 300 таблети за ученици од социјално ранливите категории

Петар Печков



Локалната власт на Општина чашка набави  35 компјутери кои се наменети за наставниот кадар од двете основни училишта кои работат во Општината.  Средствата се обезбедени од буџетот на општина Чашка во висина од 800 илјади  денари .

Со овие  компјутери,  наставниот кадар  во основните училишта,  успешно ќе го спроведуваат комбинираниот модел на онлајн настава, согласно насоките од МОН - кажа градоначалникот на Општината Горан Стојановски.  

Во наредниов период, по спроведена тендерска постапка, ќе се обезбедат таблети за околу 300 ученици од социјално ранлива категорија на семејства во Општина Чашка во вредност од еден милион денари, а со цел успешно спроведување на онлајн наставата на територијата на општината.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »