речник контакт

Локалната власт со отчет за сработеното годинава

Отчетот се дели на прометните места по градот

Петар Печков

На прес конференција  беше презентиран Отчетот на Општина Велес за 2015 година. Во духот на заложби за транспарентност и за одговорност пред сите граѓани, и оваа година со Отчет за сработеното на Општина Велес во текот на 2015 година. 

Во брошурата, детално, преку фотографии и текст се прикажани сите реализирани проекти на Локалната самоуправа. Ова е документот со кој говори за нашата посветеност кон работата и создавањето на подобри услови за живеење. Се што постигнавме досега и сите планови за иднина не се само наше дело. Тоа не ќе беше возможно ако не бевме поддржани и поттикнати од граѓаните, ако не ја добиевме помошта од бизнис заедницата и институциите на системот. На сите што изминатава година го дадоа својот придонес во развојот на нашата општина искрено им благодарам. Единството со кое настапуваме, одлучноста и самодовербата се изворот на нашата енергија -рече градоначалникот Чадиев.

На повеке локации низ градот денес се делеше отчетот на Општина Велес за 2015-та година. Лично од страна на градоначалникот  Славчо Чадиев беше поделен на градскиот пазар.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »