речник контакт

Локалните власти потранспарентни од државните

Според 31 критериум, транспарентноста на Општина Велес е 71% или солидна и најдобра во Вардарски плански регион. Истражување на ЕХО.

Петар Печков

Локалните власти се потранспарентни отколку државните. Ова го покажува истражувањето на  граѓанските стручни здруженија за транспарентноста на јавните набавки.  Граѓанската организација ЕХО од Штип  ги истражуваше транспарентноста и отчетноста на јавните набавки на Општините во Вардарскиот плански регион (ВПР).

Податоците се за 2017-те година. Меѓу тие што се следени, меѓу деветте општини е и Општина Велес.  Оваа година локалната власт од Велес вкупниот обем на склучени договори за јавни набавки изнесува 148 милиони денари. Таа заедно со Кавадарци се најголемите потрошувачи со 36 односно 33 отсто.   

Рангирањето на транспарентноста и отчетноста е извршено според 31 критериум.  Општина Велес се наоѓа на  т.н. солидно ниво според отченост и транспарентност  и е најдобра во   ВПР со 71 отсто, Солидно ниво има и Општина Свети Николе со 66%. Во ВПР ниту една општина не е во најдоброто ниво, ниту пак има  во оскудно.

Податоците во ова истражување се добиени од интернет страниците на општините и  по барање на слободен пристап до јавни информации.  Општина Велес на интернет страницата го објавува годишниот план за јавни набавки, но во 2017-те не и неговите измени и дополнувања.   Одговорите по барањата за слободен пристап до информации во Општина Велес се добиваат во законскиот рок од 30 дена.     

Процентот на реализација на планот за јавни набавки во Општина Велес во 2017-та бил 54% што ќе рече Буџетот  не бил добро испланиран. Во ВПР највисок процент имаат Кавадарци и Свети Николе со 94 односно 85%.   

Просечниот број на понуди добиени за јавните набавки за Општина Велес е 3,1 близу до националниот просек 2,97, но далеку од просекот на ВПР 3,65. 

Од добиените понуди за јавни набавки во Општина Велес, 23 отсто биле само со еден учесник.  Во Општина Велес нема тендерска документација со елементи на дискриминација.   Од вкупниот број  на огласи за јавни набавки во Општина Велес биле поништени 33% со што е лидер во ВПР, но најчеста причина за поништувањето, во 10 случаи од 39 е неприфаќањето на ниту една понуда.

Во Општина Велес не е регистрирана постапка за јавна набавка со преговарање, без објавување оглас.  Локалната  власт добила две жалби за спроведување на тендерите но ниту една не е прифатена од државната комисија за жалби  по јавните набавки.

Како до овие податоци дошле истражувачките, дали имале проблеми, дали локалните власти соработувале  одговори Јулија Давкова од  здружението Едукативна  Хуманитарна Организација ЕХО од Штип.     

Имаме соработка со општинските службеници. Со барања за слободен пристап  на информации одговорено беше во законскиот рок од 30 дена.    За жал општините не ги прикачуваат податоците на нивната веб страница па мораме преку  ЕСЈН (електронски систем за јавни набавки), каде законски  мора да се објават  - кажа  Давкова.

Таа најави дека ќе ја работата и 2018-та година во однос каде и како се трошат народните пари и колку општините се отчетни.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »