речник контакт

Локомотивата во пламен, железничкиот сообраќај во застој

Се запалила локомотива на железничка пруга Велес - станица Рајко Жинзифов

Петар Печков

Попладнево околу 14,40 ч. на железничката пруга Велес - зеленичка станица Рајко се запалила локомотива, поради што железничкиот сообраќај  е во прекин.  Товарниот воз   сообраќал  од Гевгелија за Белград.

„Машиновозачот  ја откачил локомотивата во моментите кога огнот пламнал,за да не се прошири пожарот. Заради непристапноста за гаснење на запалената локомотива со ПП возило, таа била гасена  со противпожарни пп апарати. Последните информации се дека пожарот уше не е изгаснат“ - соопштија од Центарот за уапување со кризи.

Поради ова железничкиот сообраќај е во прекин, патничките возови,  од Скопје за Гевгелија кој тргнува во 16,55 и за Битола кој тргнува во 20,.05 се сопрени. Исто и патничкиот воз од Гевгелија за Скопје, кој од железничка станчила Велес тргнува во 18,40 чека да се нормализира сообраќајот.

Противпожaрниот воз на Македонки железници кој треба да интервенира за случај пожар покрај или на пругата е во функција од почетокот  на јуни до крај на септември.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »